5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина: Одлучивме да ги браниме сопствените интереси во трговската војна

Кина: Одлучивме да ги браниме сопствените интереси во трговската војна

Кина е целосно подготвена да ги брани своите интереси во трговска војна со САД, но се надева дека САД можат да ги решат проблемите преку дијалог наместо да преземат унилатерални чекори, објави кинеското Министерство за трговија во четвртокот.

”Кина е одлучна и способна да ги брани своите интереси, но се надева дека може да се најде со САД на половина пат”, изјавил за новинарите портпаролот на министерството, Гао Фенг.

Кинескиот заменик премиер Лиу Хе e на чело со делегацијата која би требало да одржат разговори со американските колеги во Вашингтон во четврток и петок за да го спасат договорот, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги зголеми даноците на кинеските производи. Трамп во средата изјавил дека Кина го “прекршила договорот” постигнат во трговските преговори со САД и нема да се откаже од воведувањето на нови такси ако Пекинг “не престане да ги мами навните работници”.

”Постигнувањето на договорот подразбира напор на двете страни”, изјавил портпаролот на министерството за трговија, додавајќи дека посетата на Лиу ја покажува искреноста на Кина. Кина се противи на едностраното наметнување на такси, а во трговската војна нема победници, изјавил Гао.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП