2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвлечена е првата 7-ка на Лото 7 вредна близу 500.000 евра

Извлечена е првата 7-ка на Лото 7 вредна близу 500.000 евра

Во 5тото коло Лото 7, одржано вчера на 8ми мај 2019та, не израдува првата 7ка од играта Лото 7. Извлечените броевите 9, 11, 13, 21, 23, 25, 32 донесоа 7ка вредна 29.293.930,00 денари.

Ова е до сега најголемата лото премија во историјата на Државна лотарија. 7ката во своите досегашни посети, беше по еднаш во Свети Николе, Неготино, Тетово и Струмица, два пати во Куманово, четири пати во Битола и единаесет пати во Скопје. Мапата на среќни добитници на 7ка се збогати со нов град. Првата 7ка на Лото 7 е прва 7ка во Кавадарци и 22рата 7ка од почетокот на приредување на играта на среќа Лото.

Среќниот добитник уплатил пет комбинации Лото 7, од кои добитна е третата. Уплатата со вкупна вредност од 100 денари, ја извршил на 6ти мај, во понеделник, во продажното место Браво Нутс, во близина на старата автобуска станица во Кавадарци.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП