7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп: Кина го прекрши договорот, нема да се двоумам за нови царини

Трамп: Кина го прекрши договорот, нема да се двоумам за нови царини

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека Кина го прекршила договорот постигнат во рамките на трговските разговори и порачал дека нема да се двоуми да воведе нови царини на Пекинг ако не престанат да ги мамат американските работници.

Од канцеларијата на американскиот претставник за трговија објавено е дека царините за кинеската стока ќе се зголемат од 10 на 25 проценти од утре на полноќ.

-”Само што објавив дека ќе ги зголемиме царините за Кина и нема да отстапиме од тоа додека не престанат да ги мамат нашите вработени и да ги крадат бизнисите. Го прекршија договорот, а тоа не може да се направи”, изјавил Трамп во обраќањето кон своите поддржувачи во сојузната држава Флорида.

Пекинг најавил дека ќе возврати во случај на зголемување на царините. Кинеската стопанска комора на својата веб страница изразила длабоко жалење ако Америка воведе царини, но додала дека Кина ќе ги спроведе неопходните контрамерки. Не биле објавени други детали.  Американско- кинескиот трговски однос се влоши за време на администрацијата на Трамп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП