21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот тивко се враќа на голема сцена

Биткоинот тивко се враќа на голема сцена

Биткоин тивко се враќа на големата сцена, велат аналитичарите. Во средата, вредноста на најпопуларната криптовалута ослабе за 0,5 проценти на 5918 долари, но тоа не го одвлекува вниманието од фактот дека биткоинот оваа година се зголеми за речиси 60 проценти.

Сепак, ова е далеку под рекордната цена од 20.000 долари, постигната во декември 2017 година. Сепак, откако минатата година цените паднаа за 75 проценти, овогодинешниот опоравок ги избледи сеќавањата на инвеститорите на криптовалути. Покрај тоа, некои веруваат дека растот на цените оваа година е на многу поздрава основа отколку еуфоријата од пред две години.

“Големиот пад во 2018 година беше корекција по шпекулативната манија. Приносите во 2017 година беа астрономски”, изјави за CNN Еверет Милман, аналитичар на инвестициска компанија специјализирана за благородни метали и криптовалути.

Милман смета дека сè уште дел од инвеститорите купуваат биткоини за “надеж и соништа”. Сепак, тој е претпазлив во проценката дали најлошото за оваа криптовалута помина.

Аналитичарот Трон Рос вели дека “се повеќе и повеќе инвеститори сега ги гледаат биткоините како веродостојни средства со кои можат да го диверзифицираат портфолиото и да го гледаат како дигитално злато”.

Сепак, биткоинот сé повеќе навлегува во традиционалните финансиски текови. Така, ICE, сопственик на њујоршката берза, неодамна ја лансираше Bakkt, платформа за термински договори за биткоин и други криптвалути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП