2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: Ќе не ценат еден ден

Лагард: Ќе не ценат еден ден

Christine Lagarde

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард , изрази надеж за грчката влада и изјави дека еден ден акциите на ММФ во Европа, кои во моментот се на удар на критики, ќе бидат ценети.

Таа во интервју за Франс прес изјави дека во услови на голем отпор кон мерките за штедење во европските земји, заслугите на ММФ во тој регион, каде оваа меѓународна институција учествуваше во четири пакета помош,  ќе бидат признати со тек на време.

„Природно е што во ова време ММФ е окарактеризиран како нешто негативно, затоа што секогаш интервенира во кризна ситуација“, изјави Лагард.

Таа признава за примената на одделни болни мерки, но порачува дека за резултатите од финансиските програми на ММФ треба да се суди на долг рок, повикувајќи се на ангажманите на оваа институција во азиската криза на крајот на 90-тите години од минатиот век.

„Во Азија, земјите кои претходно остро го критикуваа ММФ сега се благодарни затоа што мораа да спроведат реформи. Се надевам дека еден ден и акциите на ММФ во Европа ќе бидат ценети“ изјави Лагард.

Таа изрази надеж за опстанокот на новоформираната грчка влада.

Директорката на ММФ, исто така, зборуваше и за неодамнешниот договор на Групата осум Г8 – најразвиените економии во светот, кој се однесува на борбата против даночното затајување.

„Избегнувањето на плаќањето на даноци е многу лошо за државата, бидејќи на тој начин се скратуваат потребните приходи наменети за борба против буџетскиот дефицит“, изјави таа и додаде дека тоа е неправедно за малите и средни претпријатија, кои немаат алатки за даночно затајување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП