18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОН: Прв пат во историјата на Земјата има повеќе стари лица отколку...

ОН: Прв пат во историјата на Земјата има повеќе стари лица отколку деца

Големо истражување на ОН покажа дека животниот век на населението на Земјата е продолжен, но не се раѓаат доволно деца, па така на планетата денеска има повеќе стари лица отколку млади потомци, пишуваат британските медиуми.

Кон крајот од 2018 година, бројот на лица над 65 години го надминал бројот на помлади од пет години. Во моментов во светот има 705 милиони луѓе постари од 65 години и околу 680 милиони деца до четиригодишна возраст.

До 2050 година, разликата ќе биде уште поголема

Научниците предвидуваат дека до 2050 година разликата ќе биде уште поизразена: на едно дете од четири години ќе има две лица постари од 65 години.

Растечкиот јаз, на кој демографите предупредуваат со години, сугерира дека во повеќето земји во светот се живее подолго, но бројот на новороденчиња е помал.

Кристофер Мареј, директор на Институтот за метрика на здравје на Универзитетот во Вашингтон, предвидува дека во иднина ќе има помалку деца и многу повеќе луѓе над 65 години, што значително ќе влијае на глобалната одржливост на општеството.

Тој потсетува дека во 1960 година стапката на плодност била многу поголема. Во просек, на една жена имало по пет деца. Денес, состојбата е сосема поинаква, а стапката на плодност е преполовена на 2,4 деца.

Пониската стапка на раѓања главно е поврзана со економските придобивки – стапката на морталитет кај децата е помала, средствата за контрацепција се подостапни, а одгледувањето и образованието на децата обично се многу скапи. Во развиените земји, жените најчесто имаат деца на подоцнежна возраст, а со тоа имаат и помалку деца.

Демографите велат дека социо-економскиот напредок во шеесеттите години ги фаворизирал приновите. Во 1960. луѓето живееле во просек повеќе од 52 години, а просечниот животен век во 2017 година достигнал 72 години.

Постарата популација е побројна во развиените земји во светот. Подобриот животен стандард пластично кажано значи дека луѓето во овие земји траат подолго. Најстара популација има Јапонија, каде што просечниот животен век се приближуваше до бројката од 84 години, што е највисока стапка во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП