17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНемаат сите иста корист од единствениот пазар

Немаат сите иста корист од единствениот пазар

Најмногу корист од единствениот пазар на ЕУ имале индустриските центри, урбаните региони и Германија, се наведува во една студија на фондацијата ”Bertelsman”, во која се укажува на економските и социјалните нееднаквости во европскиот блок.

Единствениот пазар гарантира слобода на движење на стоки, капитал, услуги и работници низ цела ЕУ.

Извештајот на фондацијата ”Bertelsmann” забележува дека Германија апсолутно имала најмногу корист од единствениот пазар заработувајки 86 милијарди евра на годишно ниво.

Според податоците од студијата, секој граѓанин на Германија е побогат во просек за 1.046 евра поради единствениот пазар, а просечниот државјанин на ЕУ е во загуба од 840 евра.

“Не профитираат сите подеднакво од единствениот пазар, но секој добива”, изјавил претседателот на фондацијата ”Bertelsmann” Арт де Геус.

Богатите и напредните економии недалеку од економското јадро, како што се Австрија и Холандија, далеку се побогати благодарејки на единствениот пазар од сиромашните членки на југот и истокот на Европа, кои имаат многу помалку корист од тоа.

Еден од авторите на студијата, Доминик Понату, истакнал дека земјите како Холандија и Австрија имаат конкурентни сектори, но зависат од извозот поради малиот домашен пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП