19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGoogle прави конзола за играње и паметен часовник

Google прави конзола за играње и паметен часовник

Europe Google Antitrust

Според последните информации „Google“ моментално работи на изработката на конзола за видео игри, како и на паметен часовник кој ќе работи на оперативниот систем „Android“.

Овие нови производи на кои во моментов се работи би требало на „Google“ да му помогнат во успешната борба на пазарот со „Apple“ кој значително напредна со правењето на телевизори, играчките конзоли и „Apple“ паметниот часовник.

Неофицијалните информации кои пристигнуваат од интернет гигантот велат дека тие планираат два нови производи, од кои барем еден ќе биде пуштен во продажба оваа есен.

Се очекува паметниот часовник со помош на „Bluetooth“ технологијата да се поврзе со паметните телефони, слично како и „Google Glass“. Преносната електронска технологија во моментов е фокусот на повеќето технолошки компании, за која сметаат дека ќе направи вистински „бум“. „Samsung“ исто така соопшти дека планира да започне со дизајнирање на паметен часовник кои ќе работи на „Android“.

„Google“ има во план да направи и втора верзија на уредот „Nexus Q“. Првата верзија на уредот во јавноста беше претставена минатата година, но претрпе сериозни критики поради високата цена од скоро 300 долари, па така овој уред практично не ни беше пуштен во редовна продажба.

Овој нов обид на „Google“ да направи електронски уред кој ќе работи на „Android“ ќе биде многу поевтин и според аналитичарите би требало да му помогне да продаде повеќе музика од својот сервис „Google play“.

Пред извесно време беше соопштено дека „Google“ подготвува и нова серија евтини „Android“ паметни телефони за пазарите во развој, вклучувајќи ги и местата на кои „Google“ планира да формира и бежични мрежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП