26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПринцот Чарлс: Британија и Германија ќе останат блиски

Принцот Чарлс: Британија и Германија ќе останат блиски

Врските помеѓу Велика Британија и Германија ќе останат блиски во иднина, порачал во Берлин британскиот принц Чарлс.

Агенцијата Reuters наведува дека принцот Чарлс во својот говор мислел на неизвесноста во врска со Брегзит, иако изглегувањето на Британија од ЕУ не гo спомнал директно.

” Каков и да биде обликот на нашиот иден однос и што и да преговараат и договараат владите и институциите, за мене е јасно дека врските меѓу нас мора да издржат”, изјавил наследникот на британскиот престол.

Велика Британија и Германија, како што истакнал, се пријатели и природни партнери, врзани со заеднички искуства, интереси и вредности.

”Иднината на нашите две земји е длабоко испреплетена” , заклучил принцот Чарлс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП