26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаразата "хара" во Њујорк- Се повеќе заболени, болеста се шири со голема...

Заразата “хара” во Њујорк- Се повеќе заболени, болеста се шири со голема брзина!

Во Њујорк од октомври се регистрирани 466 случаи заболени од мали сипаници, соопштија денес официјалните лица.

Претставниците на секретаријатот за здравство наведуваат дека во април се забележани 43 случаи, објави AP.

Меѓу новозаболените се ученици од две училишта кои не се припадници на ортодоксната еврејска заедница, но од верски причини им е дозволено да одат на училиште без да бидат вакцинирани. Повеќето случаи на болеста се меѓу ортодоксната еврејска заедница.

Здравствените работници велат дека 84 лица од Вилијамсбург добиле повик за казна поради непочитување на наредбите за задолжителна вакцинација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП