18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропската Комисија очекува намален економски раст оваа година

Европската Комисија очекува намален економски раст оваа година

Европската Комисија предвидува дека веќе од оваа година ќе се забави економскиот раст во Европската Унија поради внатрешната и надворешната политичка и економска неизвесност.

Еврокомесарот за финансии и економија, Пјер Московиси, призна дека бавниот економски раст забележан веќе во текот на вториот семестар од минатата година бил „изненадување“ за сите.

-Сепак, и покрај овој забележливо забавување кое не доведе да ги ревидираме нашите предвидувања, темелите на европската економија остануваат солидни, изјави Московиси.

Се очекува бруто домашниот производ да порасне за 1,4 отсто во ЕУ и за 1,2 отсто во еврозоната оваа година. Но поради забавените трговски размени на светско ниво, ова претставува помал раст од минатогодишниот, кога достигна два отсто. Сепак, ЕК очекува дека од идната година веќе може да се очекува ново забрзување на растот од 1,6 отсто за ЕУ и 1,5 отсто за еврозоната.

Останува дека глобалните трговски тензии помеѓу сите блокови продолжуваат да загрижуваат и да предизвикуваат неизвесност, исто како и неизвесноста околу повлекувањето на Обединетото Кралство од ЕУ.

Европската Комисија предвидува дека ќе може да смета на поголема потрошувачка и на приватни инвестиции во следните месеци, што би требало да го помогне економскиот раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП