7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДрастичен пад на светските берзи

Драстичен пад на светските берзи

Акциите на европските берзи и на Wall Street вчера имаа драстичен пад, бидејќи инвеститорите го следат развојот на ситуацијата во трговскиот спор меѓу САД и Кина.

Паневропскиот индекс STOXX Europe 600 го заврши тргувањето со пад од 1,5 проценти, според CNBC, и додавајќи дека најголем дел од овој сектор и водечките европски берзи денес се соочуваат со остар пад на акциите.

Акциите на банките Barclays, HSBC и Standard Chartered паднале за 3,0 проценти, додека акциите на италијанските банки Fineko ”потонале” за дури 7,0 проценти, откако Unicredit банката соопштила дека може да го намали својот удел во таа онлајн банкарска испостава.

Британскиот индекс  FTSE ослабел за 1,63 проценти, германскиот DAX за 1,58 проценти и францускиот CAC 40 за 1,60 проценти.

И во Соединетите Американски Држави индексите се лизнаа, бидејќи со заканите на американскиот претседател Доналд Трамп, ескалацијата на трговската војна се приближува до реалноста.

Имено, американскиот трговски претставник Роберт Лајтизер завчера објавил дека администрацијата на Трамп во петок ќе ги зголеми тарифите на 200 милијарди долари вреден увоз од Кина.

S&P 500 се намалил за 1,3 проценти, индустрискиот Dow Jones за 317 поени, или 1,2 проценти на 26,124 поени, а технолошкиот Nasdaq 1,3 проценти.

Акциите на Microsoft и Intel изгубиле 1,7 проценти од вредноста, додека J.P.Morgan Chase и Bank of America паднале за 1,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП