2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАUNEP предупредува на прекумерната експлоатација на песокот

UNEP предупредува на прекумерната експлоатација на песокот

Тројното зголемување на побарувачката за песок во текот на последните 20 години поради зголемувањето на бројот населението, урбанизацијата и изградбата придонело за ерозија на плажите, поплави и суши, предупреди Програмата на Обединетите нации за заштита на околината (UNEP) во новиот извештај кој е објавен денеска.

UNEP во извештајот повикува на повторно размислување за употребата на песокот – после водата најексплоатиран ресурс од страна на индустријата, владите и јавноста.

Во извештајот се додава дека побарувачката за песок и чакал изнесува 40-50 милијарди тони годишно и укажува на потребата за зачувување, рециклирање и потрага по алтернативи, како што се струготини.

“Не размислуваме за тоа како ние користиме песок, бидејќи мислиме: ова е само песок”, изјавил директорот на програмата која UNEP ја спроведува со Универзитетот во Женева, Паскал Педуци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП