17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТереза Меј во нов обид за договор со лабуристите

Тереза Меј во нов обид за договор со лабуристите

Британската влада денес повторно ќе се обиде да постигне договор за Брегзит со опозициските лабуристи, поради растечкото незадоволство на владеачките конзервативци во врска со можен компромис.

Конзервативците и лабуристичките пратеници денес ќе се сретнат за да видат дали можат да се договорат. За време на претходните разговори немало значителни подобрувања.

Речиси три години откако Британците на референдум гласаа за напуштање на ЕУ, а датумот и условите на Брегзит не се познати бидејќи парламентот повеќе пати го одбил договорот за ставот што премиерката Тереза Мај го постигнала со Брисел.

Тоа ја натерало за помош да се сврти кон лабуристите, што за возврат ги разбеснило конзервативните приврзаници на Брегзит кој барале оставка на премиерката.

Шефот на комитетот кој раководи со Конзервативната партија денес би требало да се сретне со Меј и да побара да го дефинира времето на заминување од Downing Street.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП