19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропската централна банка ги зголемила трошоците за надзор на банките за 21%

Европската централна банка ги зголемила трошоците за надзор на банките за 21%

Европската централна банка ги зголемила трошоците за надзор на банките за 21%, како одраз на повисоките трошоци за подготовка за Брегзит, според соопштението на оваа институцијата.

ЕЦБ оваа година ќе наплати 576 милиони евра, што претставува зголемување во однос на 475 милиони евра од претходната година, при што најмногу ќе платат најголемите кредитори кои директно ги надгледува ЕЦБ.

“Зголемувањето на процентните трошоци главно го одразува зголемувањето на бројот на вработени за банките кои се преселени или растат како резултат на повлекувањето на Велика Британија од ЕУ (Брегзит) и соодветните подготвителни проценки”, образложила од ЕЦБ.

Зголемувањето, исто така, ги одразува трошоците за надзор кои биле поголеми од минатата година, што довело до тоа ЕЦБ за надзор на банките имала дефицит во 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП