18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрогноза за летово: За некои ''пекол'', за некои ''потоп''

Прогноза за летово: За некои ”пекол”, за некои ”потоп”

Во најновиот извештај објавен од компанијата The Weather Company, a пренесува Reuters, оваа година ќе биде потопла во поголемиот дел од Европа но и повлажна од просекот. Количината на врнежи особено во јуни и јули ќе биде над просечните вредности, според извештајот.

“Иако постојат значителни отстапувања во моделот на следење на климатските промени, повеќето укажуваат дека ова лето топлината ќе биде најраспространета, особено во централните и источните делови на Европа”, се вели во извештајот на The Weather Company.

Во исто време, во извештајот е намалена претходната прогноза за мај, па според најновите податоци овој месец ќе биде поладен од просечните вредности. Така, во мај во Британија и јужните делови на Скандинавија ќе бидат потопли и суви, а слично се очекува и во Германија. Меѓутоа, обратна е ситуацијата во југоисточните делови на Европа каде што се очекува многу повеќе врнежи и пониски температури.

Кога станува збор за јуни, во Велика Британија и во Скандинавија се очекува поладно време од просечните вредности за тоа време од годината, со многу врнежи. Германците можат да се надеваат на потопол јуни ако се на југ, но ако се на север ќе им биде поладно од вообичаеното. Кога станува збор за југоисточна Европа, се очекува јуни да биде потопол, но и повлажен од просекот.

Слични предвидувања и за јули. Со прогнози за врнежи во Германија и делови од Велика Британија и Скандинавија. Во нашиот регион, како што е наведено во овој извештај, се очекува посув и потопол период од вообичаениот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП