12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо најавите на Трамп за нови царини, остар пад на азиските берзи

По најавите на Трамп за нови царини, остар пад на азиските берзи

Вредноста на акциите на азиските берзи денес драстично падна по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе наметне нови царински давачки за кинеската стока, која што ги исплаши инвеститорите.

Шангајскиот композитен индекс падна за 4,9 отсто, и накратко беше под пет отсто, а Hang Seng индексот во Хонконг изгуби 3,5 отсто.

Пазарите денес се затворени во Јапонија.

Акциите, исто така, значително опаднаа во Тајван, Сингапур, Австралија и Индонезија.

Индустрискиот индекс на Dow Jones изгуби 1,9 проценти, и S&P 500 исто така загуби 1,9 проценти.

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави вчера дека од 10 ќе ги подигне 25 проценти тарифите на кинески стоки вредно 200 милијарди долари, бидејки разговорите за трговскиот договор меѓу САД и Кина напредува премногу бавно.

Трамп го изјави ова во пресрет на доаѓањето на кинеска делегација во среда во Вашингтон за продолжување на царинските преговори.

The Wall Street Journal пишува, повикувајки се на неименувани извори, дека кинеската влада размислува да ги откаже преговорите закажани за оваа недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП