19 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто треба да знаете за гликолната киселина

Што треба да знаете за гликолната киселина

Што е гликолна киселина?

Гликолна киселина е една од алфа хидрокиселините добиени од шеќерната трска. Како и другите AHA- киселини, како што се јаболкините или млечните, таа е честа состојка во многу производи за нега на кожата. Од хемиска гледна точка, киселината е мала молекула која може да навлезе длабоко во кожата, а нејзината главна функција е хемиски пилинг. Хемискиот пилинг има многу повеќе предности отколку механички.

Кога треба да се користи?

Најчесто гликолната киселина се користи за третман на кожа склона на акни. Секое воспаление обично се јавува бидејќи мртвите клетки ги затвараат порите на лицето, а киселината која продира во фоликулите може да ослободи себум и протеини.

Кои други бенефиции постојат?

Гликолната киселина има својства против стареење. Истите мртви клетки кои предизвикуваат акни ја прават кожата ”тврда”. Во младоста, нашиот келиски метаболизам се движи прилично брзо, но по 25-тата година процесот почнува да се забавува, а гликолната киселина помага да се надомести.

Уште една предност при употреба на средства со киселина: помага во обновувањето на пигментацијата, која се влошува поради изложување на сонце и појава на лузни. Секоја AHA- киселина помага да се изедначи целокупниот тон на кожата и да се елиминира голема количина на вишок пигмент. Употребата на киселина го стимулира производството на колаген, кој влијае на еластичноста на кожата, а редовната употреба овозможува да се подготви кожата за други козметички производи: ретинол, антиоксиданти, витамин Ц и други средства.

Која концентрација треба да биде избрана?

Гликолната киселина содржи различни ефикасности и е содржана во широк спектар на производи, вклучувајќи средства за чистење, тонери, креми, маски и пилинзи. Идеалниот процент на гликолна киселина за домашна употреба е од 8 до 30%. Кремите обично содржат околу 15%, а оваа концентрација е погодна за секојдневна употреба.

Маските и пилингот се применуваат еднаш неделно, а нивната концентрација во основа не надминува 30%. При изборот на нов производ, вреди да се обрне внимание на pH нивото: идеалната опција би била “ниска киселост”, околу 3,5.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП