2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар планира замена на обврзници вредни милијарда евра

Кипар планира замена на обврзници вредни милијарда евра

kipar1

Кипар денес соопшти дека планира да изврши замена на државните обврзници вредни милијарда евра за нови хартии од вредност со подолг рок на доспевање, во рамките на договорот со меѓународните кредитори.

Министерството за финансии во Никозија наведува дека постоечките облигации, со рок на доспевање од 2013 до 2016 година, ќе бидат заменети со нови петгодишни и десетгодишни записи, пренесува агенцијата Франс Прес.

„Замената на обврзниците ќе биде завршена во согласност со обврските на Кипар во рамките на програмата која е договорена со меѓународните партнери“, се вели во соопштението од Министертвото.

Во замена за кредитот, вреден десет милијарди евра, кои го одобрија ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кипар во март се согласи со мерките вредни 13 милијарди евра, кои имаат за цел да го намалат јавниот дефицит и да го реструктуираат банкарскиот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП