22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија е најголем купувач на злато во светот

Русија е најголем купувач на злато во светот

Централните банки во светот во првиот квартал од 2019 година купиле најголема количина на злато во последните шест години, при што Русија обезбедила водечка позиција бидејќи настојува да ја намали зависноста од доларот.

Глобалните резерви на злато се зголемиле за 145,5 тони од почетокот на годината до крајот на март што претставува пораст од 68% во споредба со истиот период од 2018 година. Ова е исто така најголемо зголемување на глобалните резерви за овој период од 2013 година, според последниот извештај на Светскиот совет за злато (WSG).

Руската централна банка во првиот квартал во своите трезори додала 55,3 тони злато благодарение на нејзините и така веќе големи резерви, кои достигнале 2168,3 тони, што ја прави земјата повторно најголем купувач на злато, истакнува Russia Today.

“Русија купила 274,3 тони злато во 2018 година, додека драстично го намалила поседувањето на американски обврзници, како дел од напорите за диверзификација на девизните резерви од долари”, порачале од Светскиот совет за злато.

Кина го освоила второто место, со оглед на тоа што во првиот квартал купила 33 тони злато. Официјален Пекинг во декември 2018 година повторно почнал да купува злато по повеќе од две години пауза.

И неколку други земји значително ги зголемиле своите резерви на злато, вклучувајќи ги и Еквадор, Турција, Индија и Казахстан.

Желбата да се купи тој скапоцен метал била поттикната од “економската неизвесност која ја предизвикале трговските тензии, бавниот раст и климата со ниски или негативни каматни стапки”, се оценува во извештајот на Советот.

Русија во моментов е петта во светот по резерви на злато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП