27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMej: Порака од изборите е да продолжиме со Брегзит

Mej: Порака од изборите е да продолжиме со Брегзит

Премиерката на Велика Британија, Тереза ​​Меј изјавила денес дека локалните вчерашни избори биле многу тешки за конзервативната партија и резултатот покажал дека државата мора да продолжи со процесот на напуштање на Европската унија.

Меј истакнала дека ова е тешко време за нејзината конзервативна партија и дека пораката на вчерашните избори е јасна и гласи – “само продолжете со Брегзит”, истакнува Reuters.

Англиските гласачи синоќа гласаа за над 8.000 места во административните тела одговорни за секојдневните одлуки за локалните политики.

Како што се наведува, според нецелосните резултати, гласачите ги искористиле локалните избори за да ги казнат владеачките конзервативци, како и опозициските лабуристи поради застојот во врска со Брегзит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП