10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМохамед е број еден име за машки новороденчиња во Берлин

Мохамед е број еден име за машки новороденчиња во Берлин

Според податоците објавени од страна на Друштвото за германски јазик (Gesellschaft für Deutsche Sprache), најпопуларно име за новородените момчиња во Берлин е Мохамед, пренесува „Билд“.

Мохамед се рангира како најпопуларно име за машки новороденчињата во германскиот главен град откако ќе се соберат сите варијации на името, како што се различните пишувања Мухамед/Моамед и варијациите како Мехмет.

Името, исто така, стана многу популарно и во Бремен, каде што се рангира на трето место за новородените момчиња, по Бен и Елијас.

Меѓутоа, иако Мохамед е најпопуларното име за машки деца во урбаниот главен град на Германија, тоа не успеа да се рангира во првите десет најпопуларни машки имиња во Германија. Првите пет најпопуларни имиња за момчиња на ниво на Германија се Паул, Александар, Максимилијан, Елијас и Бен.

И покрај тоа што не е во првите 10 на национално ниво, името Мохамед забележува драматичен пораст, според извештајот на друштвото за 2017 година, кој покажа дека за само една деценија името Мохамед се искачило по популарност од 97. на 24. место.

Според друштвото, во Германија во употреба има околу 65.000 имиња, објаснувајќи дека дури и најпопуларното име Паул му било дадено само на едно од 76 деца родени лани.

Другите земји во Европа кои беа погодени од бранот масовна миграција покажуваат слични промени, па така во Австрија Мохамед беше трето најпопуларно име за момчиња во 2017 година.

Мохамед е најпопуларно име и во Белгија, кога ќе се земат предвид сите варијации на името. Во Обединетото Кралство името е најпопуларно во Англија и во Велс шест години по ред, според извештајот објавен во септември и според британската влада.

Во Франција, Мохамед е најпопуларно име во населените места со голема миграција во Париз, покажуваат статистичките податоци од францускиот Националниот институт за статистика и економски студии (ИНСЕЕ) во септември минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП