20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАБил Гејтс: Ова се трите клучни вештини за успех во иднината (видео)

Бил Гејтс: Ова се трите клучни вештини за успех во иднината (видео)

Легендарниот технолошки претприемач, ко-основач на Microsoft и еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс е опседнат со иднината. Често работи со пронаоѓачи и визионери, чита книги за иднината на човештвото и финансира проекти за подобрување на заедницата, пренесува CNBC Make It.

Врз основа на податоците што ги собрал, Гејтс заклучи дека луѓето од овие три области ќе бидат најбараните: наука, инженерство и економија.

Вработените со искуство од споменатите области ќе бидат агенти за промени во сите институции, изјавил Гејтс на главниот уредник на LinkedIn Даниел Рот.

”Мислам на основното познавање на науката, математичките вештини, економијата – многу кариери во иднина ќе бидат многу поврзани со овие работи”, истакнал Гејтс.

Не морате да биде експерт за кодирање или периодичен систем, но ако имате способност да размислувате на начинот на кој размислуваат тие експерти, Гејтс смета дека ќе биде за вас многу корисно.

”Не е потребно вие да напишете код, но мора да го разберете  што инженерите можат да направат, а што не можат”, изјавил ко-основачот на Microsoft.

Тие веројатно ќе ја револуционизираат и вашата индустрија, истакнува Гејтс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП