Американскиот старт-ап ,,Lime”, кој се занимава со изнајмување на скутери потпишал договор со Букурешт за воведување на флота од 1.000 електрични скутери во градот, истакнува романскиот Business Review.
Овие скутери ќе бидат лоцирани во близина на излезот од подземната железница, јавниот паркинг, парковите, театрите и музеите, како и други важни места во градот со скоро два милиони жители, истакнува profit.ro.
Нивната брзина ќе биде ограничена на 24 километри на час.
Овој старт-ап ќе има и други конкуренти, кои исто така планираат да изнајмуваат скутери во романската престолнина, како компанијата ,,Wolf” и ,,Bolt”.
Во текот на 2018 година ,,Lime” потпишал партнерство со Uber, за да обезбеди електрични скутери и во градови ширум светот, а секој скутер исто така ќе го има Uber логото.
Во меѓувреме, “Uber” започнал со услугата на изнајмување скутери во Мадрид под името ,,Jump”.
Од друга страна, Министерството за сообраќај во Франција ја забранил употребата на овие електрични возила на тротоари поради безбедноста на пешаците, но овие возила ќе се користат исклучиво на патиштата пропишани со прописите на автопати, истакнува france24.com.