2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДрама во Венецуела: Оклопно возило гази демонстранти по улиците(видео)

Драма во Венецуела: Оклопно возило гази демонстранти по улиците(видео)

Во екот на конфликтите на улиците на Каракас беше забележана неверојатна сцена – оклопно возило на Националната гарда лојална на Николас Мадуро буквално ги гази демонстрантите.

Како што може да се види на снимката, возилото оди директно во група на демонстранти и поминува низ зелената површина на другата лента газејки ги демонстрантите. Како што објави Ројтерс, тоа е група на демонстранти кои фрлаа камења кон возилото и го удирале со стапови.

Набрзо потоа  се појавиле фотографии од прегазени луѓе.

Да се потсетиме, завчера се случи обид за државен удар во Венецуела, откако лидерот на опозицијата и самопрогласениот претседател Хуан Гваидо од воздухопловната база “Ла Карлота” во близина на Каракас ја повика армијата да го поддржи во прекинување на узурпацијата од страна на претседателот Николас Мадуро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП