25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМонт Еверест како депонија- снегот крие тони ѓубре и човечки лешеви

Монт Еверест како депонија- снегот крие тони ѓубре и човечки лешеви

Децениското искачување на највисокиот врв на светот Монт Еверест се претвори во депонија со тони ѓубре, а екипите кои го чистат, освен отпад пронашле и човечки трупови.

Посветен и добро подготвен тим на волонтери се обидува да го реши проблемот со загадувањето на Монт Еверест и во моментов е една од најамбициозните мисии за чистење, истакнува CNN.

Резултатите се веќе видливи, бидејќи во првите две недели од чистењето биле собрани три тони ѓубре. Мисијата за чистење ја врши тим од 14 волонтери, а нивната цел е да се отстранат 10 тони ѓубре за 45 дена. Тие собираат конзерви, шишиња, пластика и отфрленa опрема за качување. Им помага воен хеликоптер кој транспортира ѓубре, а тимот се подготвува да се искачи на поголема висина, со цел да се продолжи чистењето.

Досега биле пронајдени и четири човечки тела на планината висока 8.848 метри.

Непалската влада и локалната заедница долго време се бори со проблемот со ѓубрето на Монт Еверест бидејќи луѓето од целиот свет доаѓаат за да се обидат да стигнат до самиот врв. Редовното чистење се прави од 2011 година, но зголемувањето на бројот на посетители има огромно влијание врз чувствителното опкружување на планината. Владата во 2014 година вовела депозит за планинари кои им се враќа ако од планина се вратат со осум килограми ѓубре.

Кина од своја страна забранила пристап на оние кои не планинарат за да се намали количината на отпад.

На волонтерите чистењето им го попречуваат климатските промени кои влијаат на брзото топење на снегот, а последица на тоа е откривањето на се поголем број на човечки лешеви.

Од 1922 година на Мон Еверест настраделе повеќе од 200 планинари. Поголемиот дел од телата веројатно се затрупани под глечерите или снегот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП