2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДен на слободниот печат

Ден на слободниот печат

Денес во светот 26-та година по ред се одбележува Ден на слободата на печатот.

Тема за оваа година е “Медиуми за демократија: Новинарство и избори во време на дезинформации”, а глобалната конференција се одржува во престолнината на Етиопија Адис Абеба.

Генералното собрание на ОН го прифати во декември 1993 година 3 мај како Ден на слободата на печатот, врз основа на препораката на УНЕСКО и како одговор на Декларацијата за независни медиуми.

Во рамките на Денот на слободата на печатот се доделува посебна награда на УНЕСКО, именувана по колумбискиот новинар Гиљермо Кану, кој бил убиен поради објавените приказни за нарко картелите во неговата земја.

Овогодинешната награда припаднала на новинарите на Reuters, Ва Лон и неговиот колега Чо Со Ју, кои внимателно го истражувале масакрот извршен против муслиманското малцинство Рохинџи во селото Ин Дин во Мјанмар.

Како што изјави BBC, во јануари 2018 година војската на Мјанмар признала дека масакрот навистина се случил.

”Слободниот печат не е само весник за сигурни и точни информации туку исто така е столб на демократијата “, изјавила шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, по повод Светскиот ден на слободата на печатот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП