17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнува Европскиот самит на слободни зони

Почнува Европскиот самит на слободни зони

Европскиот самит на слободни зони што од денеска се одржува во Скопје со над 350 учесници, стартува со министерски панел посветен на државната помош за инвеститорите, на кој ќе учествуваат министерот за економија Крешник Бектеши и уште тројца министри од земји од регионот.

Ќе се разговара за усогласување на регионот за политиките и унифицирањето на ставовите околу доделувањето на државната помош. Европската унија бара усогласување околу државната помош за да нема подредени зони.

Самитот претходно со поздрави обраќања ќе го отворат вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Александар Младеновски и Мухамед Ал Зарони, претседател на Светската организација на слободни зони.

Во тек на самитот денеска ќе биде потпишан договор за соработка помеѓу ТИРЗ и Светската организација на слободни зони и ќе се одржат панели на темите „Иднината на слободните зони и предизвиците со кои се соочуваат“, „Нелегална трговија и нејзините ефекти врз слободните зони и нивните безбедни програми“ и „Формирање здружение кое ќе ги опфати сите видови зони“. Утре е предвидена посета на слободната економска зона во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП