5 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСончево и потопло со мала до умерена облачност и со слаб до...

Сончево и потопло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер

Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од пет до осум, а дневната од 14 до 26 степени.

Во Скопје, слично време, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Од сабота попладне до понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, околу 30 литри на м2, и проследени со грмежи, ветер и услови за појава на град. Во вторник поради спуштање на постудена воздушна маса ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар