Русија е чекор поблиску до создавање на сопствен интернет, одделен од остатокот од светот.
Претседателот Владимир Путин потпишал закон за создавање на национална мрежа која би функционирала независно од глобалниот интернет. За сега, сепак рускиот интернет се уште е во доменот на теоријата, а потпишаниот закон ќе стапи во сила во ноември.
Во законот исто така се наоѓа формиран центар за управување и мониторинг, кој би го контролирала руската агенција за телекомуникации “Roskomnadzor”.