28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУвид во изградбата на нова водоводна мрежа во населба Ѓорче Петров

Увид во изградбата на нова водоводна мрежа во населба Ѓорче Петров

Денеска градоначалникот на општина Ѓорче Петров, г-дин. Александар Наумоски заедно со директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, г-дин. Душко Весковски беа на увид на новата водоводна мрежа во нас. Ѓорче Петров. Новата цевка Æ400мм во должнина од 1124м ќе го подобри притисокот во овој дел од населбата.

Изработката и реализација на овој проект е резултат на потребата од дислокација на дел од овој постоечкиот магистрален водовод Æ400мм кој со својата сегашна траса се протега низ приватни парцели и имоти на жителите од овој дел од нас. Ѓорче Петров.

Согласно проектот со новата траса изместувањето ќе се изврши на  јавна површина односно тротоарот на улиците –  дел од ул.„Радушка“ и ул.„Вера Циривири – Трена“ се до ул.„Ѓорче Петров“, што е во согласност со Деталниот Урбанистичкиот План за самата населба Ѓорче Петров. Со изместувањето на предметната делницата по јавна површина на оваа магистрална водоводна линија Ø400мм ќе се ослободат приватните парцели низ кои тој досега минуваше. Изместувањето на цевководот е предуслов за искористување на постојните парцели за урбанистички планираните намени кои ги предвидува  ДУП  за оваа локација, што значи дека ќе се создадат услови за изградба на објекти онакви какви што се предвидуваат со урбанистичкиот развој.

Повеќе нема да постои опасност за оштетување на цевководот при секоја  изградба на нов објект во овој локалитет или нема да се случува намалување на површините за градба на секоја од градежните парцели низ кои тој досега минуваше од причина што беше задолжително почитување на заштитен коридот околу овој цевковод. Бидејќи се работи за магистралниот водовод DN400мм кој всушност е неопходен како транзитен цевковод не е предвидено директно приклучување на објектите на него, туку само поврзување со  останатата секундарна улична водоводна мрежа на него.

За изведба на дислокацијата на водоводот се предвидуваат водоводни цевки од полиетилен PE 100 RC со профил DN450мм. и должина L=1124м. Инвеститор за проектот е ЈП Водовод и канализација – Скопје, а вкупното чинење за реализацијата изнесува 20.026.300,00 ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП