11 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајпопуларни светски дестинации

Најпопуларни светски дестинации

Според најновите истражувања, Сеул е град во кој богатите туристи останале најдолго на одмор.

Аналитичарите ги разгледале податоците за просечниот одмор на богатите туристи во популарните дестинации ширум светот. Во првите 15 дестинации главно се наоѓаат европски градови и острови, но победничкото место отиде во главниот град на јужно корејската престолнина, каде што богатите туристи поминуваат просечно 13 дена во шопинг, гастрономско уживање, обиколување на градот и се разбира, трошење на пари.

На листата, после Сеул се најдоа Дубаи и Миланo, на второто и трето место. Целта на оваа листа е да ги истражува навиките на туристите кои летаат со прва класа и поминуваат време во хотели со пет ѕвезди. Исто така, ова истражување покажало дека туристите не се нешто премногу заинтересирани за американската клима, единствен град кој е дел од САД, а е на оваа листа е Мајами.

Еве листа од првите 10 градови кои во ова истражување се најпопуларни меѓу богатите, познатите, членови на кралски семејства и други љубители на луксузот:

1. Сеул, Јужна Кореја (13,0 дена)

2. Дубаи, ОАЕ (12,7 дена)

3. Милано, Италија (12,3 дена)

4. Атина, Грција (11,5 дена)

5. Сингапур (11,1 дена)

6. Франкфурт, Германија (11 дена)

7. Сао Паоло, Бразил (10,6 дена)

7. Хонг Конг, Кина (10,6 дена)

8. Бали, Индонезија (10 дена)

9. Лисабон, Португалија (9,7 дена)

10. Токио, Јапонија (9,6 дена)


НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП