5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCarlsberg призна: Ние не сме најдоброто пиво во светот

Carlsberg призна: Ние не сме најдоброто пиво во светот

Carlsberg ќе го реорганизира своето брендирано пиво во Велика Британија со менување на вкусот, пакувањето но и маркетинг стратегијата, пишува CPH Post Online.

Оваа компанија подготвила стратегија која во иднина ќе биде фокусирана на квалитетот, а не на квантитетот, со цел корисниците на овие пијалаци да го променат своето мислење за Carlsberg.

Имајќи предвид дека Carlsberg забележа пад на продажбата, новата рекламна стратегија ќе ја одбележи еден збор – “Веројатно” – под кој дополнително ќе пишува – “… веројатно не е најдоброто пиво во светот, барем засега”.

На овој начин, Carlsberg планира да привлече внимание кон потенцијалните и сегашните корисници за промените кои ќе следат, а оваа трансформација е обид да се направи Carlsbeg да го забрза моменталното работење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП