27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИнтересни начини за употреба на путер за кои сигурно не сте знаеле

Интересни начини за употреба на путер за кои сигурно не сте знаеле

Веруваме дека знаете многу начини да го користите путерот. Можете да го намачкате на леб, да го употребувате во тесто за печење на колачи, да ја подмачкате тавата… Листата не завршува овде.

Што ако ви кажеме дека можете да го користите путерот и надвор од кујната? Ви откриваме како да решите одредени проблеми со намирницата која секогаш ја имате во фрижидер.

1. Спречување на лепливи раце

Кога го подготвувате тестото, нанесете тенок слој од путер на рацете и тестото нема да се лепи на нив.

2. Отстранете го прстенот

Не паничете, следниот пат кога не можете да го отстраните прстенот нанесете малку путер за да го олабавите и едноставно извадете го.

3. Помага во голтање на таблети

Дали  имате проблеми со голтањето на таблетите? Не паничете. Следниот пат, користете малку путер пред да голтенете таблети со вода.

4. Отстранете ја гумата за џвакање од косата

Веројатно некогаш на вас или на вашите деца ви се залепила гума за џвакање на косата. Заборавете на ножиците и земете путер од фрижидер. Масирајте со путерот на залепената гума за џвакање и едноставно ќе ја извадите од косата.

5. Смирете ја вашата мачка

Дали вашата мачка се плаши од странци? Пред да ве посетат гости, нанесете малку путер на врвот на нејзиниот нос. На тој начин полесно ќе се приклучи на новото друштво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП