19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМобилниот ви падна во вода? Не ги повторувајте грешките што ги прават...

Мобилниот ви падна во вода? Не ги повторувајте грешките што ги прават повеќето

Mobile-phone-in-water

На многумина им се има случено мобилниот телефон да им падне во вода – река, море, када или некој сад кој бил наполнет со течност.

Непотребно e да се трошат зборови за тоа колку водата и електрониката не одат заедно, но доколку се придржувате кон овие совети постои можност од оштетување да ги спасите, батеријата, СИМ картичката, па можеби и целиот телефон.

За овие совети ќе ви бидат потребни, хартиени крпи, потоа ориз, а за потребите на брзото сушење и извлекување на влагата од телефонот може да ви користи и моќна правосмукалка.

1) Прво што не смеете никако да го сторите е тоа да го вклучите телефонот, откако ќе го извадите од вода. Затоа што можеби електрониката не откажала и не е се загубено, па телефонот ќе можете да го вклучите, откога детално ќе го исушите и исчитите од влага. Доколку го вклучите додека е влажен, можете да предизвикате краток спој со кој дефинитивно ќе го докрајчите вашиот телефон.

2) Расклопете го телефонот на најситни можни делови. Голем број на телефони имаат расклоплива маска и тастатура. Извадете ги од телефонот  батеријата и СИМ картичката. Моменталното отстранување и бришење на СИМ картичката може да ви помогне да ги спасите информациите кои сте ги имале на картичката пред таа да ви паднела во вода со телефонот.

3) Така расклопените делови датално пребришете ги со хартиена крпа за да ја отстраните водата која се задржала на телефонот и на неговите делови. Водете сметка на овој начин да отстраните што е можно повеќе течност од вашиот телефон.

4) Следува „усисувањето“ на телефонот. Наместете ја вашата правосмукалка на најмоќниот степен и држете ја цевката на пристојна далечина која ќе помогне да се отстрани влагата. Доколку цевката е премногу блиску постои можност да се оштети електрониката на телефонот. Не користете фен!!! Тоа е една од најчестите грешки која луѓето ја прават, затоа што со овој потег постои можност од топлината да се оштети електрониката.

5) Конечно, ставете ги расклопените делови од телефонот во чинија или тегла полни со ориз. Тој одлично ја впива водата и успева да ја извлече влагата од најситните делови на телефонот до кои неможете рачно да дојдете до нив. Држете ги деловите прекриени со ориз минимум 4 часа, а потоа извадете ги и повторно составете го телефонот.

6) Не го вклучувајте телефонот уште минимум три дена по неговото чистење. Потоа вклучете го и видете што сте постигнале со овие методи. Можно е и покрај се што сторивте да не успеете да спасите некои делови, како на пример екранот, но секако методите вродиле со плод и ќе морате да го промените само екранот, а не целиот телефон. „Touch screen“ телефоните се посебна приказна за себе, па така да нека ви е со среќа во нив!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП