20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLG ќе престане да произведува телефони во Јужна Кореја

LG ќе престане да произведува телефони во Јужна Кореја

LG планира да го прекине телефонското производство во својата јужнокорејска фабрика, според наводите на Reuters. Извештајот дополнително сугерира дека компанијата ќе го префрли производството во својата фабрика во Виетнам.

Информациите првично доаѓаат од страна на неименуван извор, а се претпоставува дека овој потег е повлечен за да се намалат трошоците за производство и да се зајакне смартфон дивизијата на компанијата, која во текот на изминатите неколку месеци имала загуби.

Ваквата одлука на LG не претставува изненадување. Пазарот е поприлично рамнодушен кон телефоните на компанијата. Во пониските пазарни сегменти, LG веќе не може да се натпреварува со кинеските конкуренти во текот на последниве години, а во повисоките сегменти LG никогаш не успеа да се пробие. Ова го докажува и објавата на LG G8, која претставува еднo од најголемите разочарувања и покрај високите технички карактеристики на телефонот.

Засега нема индикации дека LG во целост ќе го напушти комплетниот пазар на паметни телефони, но компанијата во иднина би можела да одлучи да излезе од некои пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП