23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмбулантите ќе работат 24 часа за време на празниците

Амбулантите ќе работат 24 часа за време на празниците

Во текот на престојните празнични денови службите на Здравствен дом Скопје ќе обезбедуваат 24 часовна здравствена заштита преку дежурните ноќни пунктови во Поликлиника Идадија, Ченто, Чаир, Ѓорче Петров, Бит пазар, Јане Сандански, Шуто Оризари, Драчево и Букурешт.

Саботното дежурство, на 27 април, на сите специјалистички служби ќе се реализира во поликлиниката Букурешт од 8 до 16 часот и 24 часовна покриеност од Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување.

Здравствен дом Скопје им препорачува на граѓаните поради изминатиот период на постење да внимааат со внесување на храна од животинско потекло и консумација на алкохол поради здравствени и безбедносни причини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП