26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветот во 2018 година остана без 12 милиони хектари тропска шума

Светот во 2018 година остана без 12 милиони хектари тропска шума

На земјата во 2018 година исчезнале повеќе од 12 милиони хектари тропски шуми, што е површина колку Никарагва, објавил Институтот за природни ресурси во светот (WRI).

Како што наведува овој институт од Вашингтон, од вкупната површина на исчезнатите тропски шуми, 3,64 милиони хектари се примарни тропски шуми кој се од огромно значење за климата и биодиверзитетот.

Според платформата Global Forest Watch за следење на загубата на тропските шуми, 2018 година се рангира како четврта најлоша година.

Претходните три најлошо рангирани години биле 2016, 2017 и 2014 година.

Земјите најзасегнати од овој проблем се Бразил, Индонезија, Демократска Република Конго, Колумбија и Боливија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП