25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААдолф Хитлер избегал и живеел во Аргентина?

Адолф Хитлер избегал и живеел во Аргентина?

ФБИ испитува информации според кои нацистичкиот лидер Адолф Хитлер можеби не умрел на 30 април 1945 година, туку, наводно избегал во Аргентина со подморница.

ФБИ имаат пристап до документи кои се декласифицирани, кои сведочат за фактот дека Хитлер побегнал во Јужна Америка со подморница по завршување на Втората светска војна, пет месеци откако, според официјалната историја, се убил во бункерот во Берлин, пренесува Танјуг .

Документите се со датум на 21 септември 1945 година, две недели откако Јапонија се предаде, по фрлањето на две атомски бомби од страна на САД, пренесува Mirror.

Со текот на годините почнаа да кружат гласини дека нацистичкиот лидер изгледа ја преживеал војната, а има информации дека живее во подножјето на Андите.

Досиеата на ФБИ откриваат за тврдењата дека Хитлер преживеала, а и меѓу документите има и бројни писма меѓу поранешниот директор Џон Едгар Хувер и неговите подредени.

Наводно, информациите кои ФБИ ги добил, одма ги пренел на военото разузнавање.

Во документот се тврди дека нацистичкиот лидер пристигнал во Аргентина со околу 50 луѓе, за кои се верува дека биле високи претставници кои избегале од Третиот Рајх и членовите на нивните семејства. Се тврди дека тој бил во лоша здравствена состојба и страдал од астма и чиреви кога пристигнал во Аргентина.

Именувани биле шест аргентински функционери, кои, наводно му помогнале на Хитлер да се сместат на ранч во подножјето на Андите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП