27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрета Тунберг фаворит за освојување на Нобеловата награда за мир

Грета Тунберг фаворит за освојување на Нобеловата награда за мир

Бидејќи инспирирала илјадници луѓе од целиот свет да протестираат поради климатските промени, шведската тинејџерка Грета Тунберг стана фаворит за освојување на Нобеловата награда за мир во 2019 година, водејќи се според податоците на британската обложувалница “Ледброкс”.

Тунберг, кој се искачи на глобалната сцена со организирање на училишни протести поради недостаток на активности во борбата против климатските промени, има најголеми шанси да ја освои престижната меѓународна награда, со квота дури од  5/2, според обложувалницата Ледброкс, пренесува Reuters.

Ако оваа 16 годишна личност ја освои наградата ќе биде најмладиот добитник на Нобелова награда за мир.

Титулата најмладиот добитник во моментов е пакистанската активистка Малала Јусуфзаи, кој ја доби наградата во 2014 година на 17 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП