24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали ова допринело за пожарот? Работниците кои го реновирале Нотр Дам признале...

Дали ова допринело за пожарот? Работниците кои го реновирале Нотр Дам признале дека пушеле цигари и покрај забраната

Работниците кои учествувале во реновирањето на катедралата Нотр Дам ја прекршиле забраната за пушење, признала денес компанијата која била ангажирана за работата, но демантираше поврзаност со пожарот на овој објект минатата недела.

– Имаше колеги кои повремено ги прекршија правилата и жалиме за тоа, изјави Марк Ескенази, портпарол на компанијата ”Бра фреф”.

Тој додаде дека “цигарите во никој случај не можат да бидат причина за пожарот во Нотр Дам”.

Портпаролот изјавил дека некои работници “признале пред полицијата дека повремено пушеле”, со што е потврдено пишувањето на сатиричниот весник “Канар Еншен”.

Компанијата претходно наметнала строга забрана за пушење на скелињата кои биле подигнати околу кулата за време на реновирањето.

Покривот на катедралата, кој во голема мера е уништен во пожарот, бил направен од дрво, а некои греди биле од 12. век.

Ескенази објаснил дека некои работници ја прекршиле забраната за пушење поради висината на структурата и времето кое било потребно за да се симне од местото каде што работеле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП