26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРезултатите на Hyundai подобри од очекувањата

Резултатите на Hyundai подобри од очекувањата

Јужнокорејскиот Hyundai Motor извести за 24 процентниот скок на нето добивката за кварталот од јануари до април. Резултатите се подобри од очекуваните, бидејќи подобрувањето на работењето дома и во САД помогнало да се неутрализира слабата продажба во Кина.

Зголемувањето на профитот, во споредба со минатогодишното најниско ниво во последните осум години, доаѓа откако Hyundai неодамна ги објави плановите за запирање на производството во најстарата фабрика во Кина бидејќи се бори со огромен прекумерен капацитет на својот најголем пазар.

Hyundai во првото тромесечје остварил нето профит од 721,81 милиони долари, наспроти 668 милијарди добивки од претходната година.

Оперативната добивка се зголемила за 21 проценти на 825 милијарди вони, додека приходите се зголемиле за 7 проценти на 23,99 милијарди вони.

Продажбата во Кина во првиот квартал се намалила за 19 проценти на најниско ниво од светската економска криза во 2009 година, поради недостатокот на атрактивни модели и силно брендирање и поради зголемената конкуренција на локалните и глобалните ривали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП