7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе проширува трговскиот спор меѓу ЕУ и Кина

Се проширува трговскиот спор меѓу ЕУ и Кина

euchina1

Трговскиот спор меѓу Кина и ЕУ продолжува откако Пекинг донесе одлука да воведе царина на хемикалиите увезени од европскиот блок.

Кинеското Министерство за трговија денес соопшти дека царината за хемикалиите од ЕУ ќе изнесува од 19,6 до 36,9 процнети.

Царината ќе биде воведена на толудин, хемикалија која се употребува при производствто на бои, лекови и пестициди.

„Спорниот производ во Кина пристигна по дампинг цена и домашната индустрија на толудин претрпе материјална штета“, се наведува во соопштението на кинеското Министерство за трговија.

Канцеларијата на ЕУ во Пекинг не го коментираше соопштението.

Кинеската царина ќе стапи на сила утре и ќе трае пет години.

Компанијата за која е воведена најниска царина е германската „Lanxess Deutschland“. Сите останати компании од ЕУ ќе плаќаат царина од 36,9 проценти за да влезат на кинескиот пазар.

Одлуката за воведување на царина на хемикалиите од ЕУ е донесена во време кога Кина и Брисел се во спор околу низа производи, вклучувајќи ги соларните панели, опремата за телекомуникација, виното и челичните цевки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП