17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТереза Меј даде зелено светло за Huawei во Британија

Тереза Меј даде зелено светло за Huawei во Британија

Владата на британската премиерка Тереза Меј одобрила на кинеската телекомуникациска компанија Huawei ограничен пристап до мобилната мрежа на новата 5G генерација.

Британскиот национален совет за безбедност на седница со која претседавала Меј, одобрил ограничен пристап на кинеската компанија во изградбата на делови од мрежата, како што се антени и друга инфраструктура која не е јадрото на мрежата, пренесува британскиот The Daily Telegraph.

Тереза Мeј одлучи, и покрај “предупредувањата на САД и повеќето британски министри дека постои ризик за националната безбедност”.

Како што се наведува, Huawei е веќе присутен во Велика Британија благодарение на деловите за изградба на мобилните мрежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП