27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелосипедски марш за отстранување на линданот од депонијата во „Охис“

Велосипедски марш за отстранување на линданот од депонијата во „Охис“

Под мотото „На денешно мени линдан“, Македонското еколошко друштво и Еко-свест денеска организираат велосипедски марш низ Скопје за подигнување на јавната свест за отстранување на линданот од малата депонија во фабриката „Охис“.

Појдовна локација на велосипедскиот марш е од Паркот Жена Борец кај споменикот на Питу Гули во 17:30 часот, а за 18 часот е предвидено пристигнување пред влезот на „Охис“ каде ќе се одржуваат креативни активности.

Како што информира Македонското еколошко друштво, маршот се одржува како продолжение на двете работилници за подигнување на јавната свест за значењето и важноста на отстранувањето на линданот од малата депонија во „Охис“, што се одржаа во минатиот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП