13 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропската комисија отфрли повторно отварање на договорот за Брегзит

Европската комисија отфрли повторно отварање на договорот за Брегзит

Европската комисија го отфрли секое повторно отворање на договорот за повлекување на Велика Британија од ЕУ, кој беше постигнат минатата година откако медиумите во Лондон објавија дека премиерката Тереза Меј ги замолила советниците да размислат за алтернативни договори за ирската граница.

“Исклучено е повторно да преговараме или повторно да го отвораме договорот за повлекување, бидејќи тоа е најдоброто можно решение”, изјави заменик на главната портпаролката Мина Андреева на прес конференцијата за новинари, истакнувајќи ги наводите на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, пренесува Reuters.

Европската унија го одложи Брегзит до крајот на октомври, спречувајќи го, барем засега, ризикот од ненадејно заминување на Британија од европскиот блок, што би претставувало извор на страв и лошо влијание врз економијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП