10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПривршува изградбата на најелитниот станбен објект покрај Вардар

Привршува изградбата на најелитниот станбен објект покрај Вардар

_DSC0357

Во завршна фаза е изградбата на елитниот станбен  комплекс “ Проект K” кој го разубави кејот на Вардар. Енергетско ефикасните домови кои гарантираат намалување на месечните трошоци во секое домаќинство до 70% привлекоа големо внимание кај јавноста. По завршувањето на фасадата на објектот, во овој период забрзано се работи на уредување на целиот простор во објектот и во неговата околина.

Како што најавија од компанијата Enta Seal  кои се инвеститори и изведувачи на комплексот, домовите кои се градат според сите светски стандарди се идеални за луѓе кои мечтаат за стилски животен простор, со високи естетски и функционални карактеристики.

_DSC0352

Комплексот е во вкупна површина од 5600м2, а останатиот дел од парцелата е обликуван во вид на парк со патеки, зеленило, фонтани, летниковци и детски игралишта – кои се на располагање на сите жители на комплексот, изградени со цел живеењето во објектот да биде пријатно, a престојот во домот да се претвори во врвно искуство.

Станарите ќе живеат во најсовремен технички опремен простор со индивидуална температура на становите, приклучоци за интернет, кабелска телевизија, аудио опрема. Целиот простор е со модерен  но пред се  квалитетен дизајн кој гарантира високо ниво на луксузно живеење.

Официјалното отварање е предвидено да се реализира во текот на летото оваа година. 

_DSC0363

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП