20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА7 чекори кои ќе ви помогнат да излезете надвор од вашата комфорна...

7 чекори кои ќе ви помогнат да излезете надвор од вашата комфорна зона

Излегувањето од нашата “комфорна зона” е нешто со кое сите се соочуваме во животот. Од качување на велосипед без помошни тркала, нова училишна средина, нова работа, справување со било какви големи промени во животот, па се до оние појави како што се раѓање и смрт.

Надвор од комфорната зона излегувате кога ќе одлучите да направите голем чекор напред и да ги тргнете вашите граници, ментално, емоционално и физички.

Местото каде што одите е исто така страшно и возбудливо. Тоа излегување е често пратено со чувство на вознемиреност и непријатност. Понекогаш не е само прашањето како да излезете од зоната на удобност, туку и како да останете во таа зона.

Во продолжение ви претставуваме седум чекори кои можат да ви помогнат да издржите надвор од комфорната зона.

Чекор 1: Признајте дека ви е непријатно

Наместо да го избегнувате чувството, прифатете го. Она што вие самите си велите дека не би требало така да се чувствувате и да го потиснете чувството, не значи дека ќе исчезне. Тоа само ќе оди таму каде што нема јасно да го видите и ќе почне да создава проблеми на ниво на кое нема толку лесно да го најдете. Наместо тоа, напишете за тоа чувство или разговарајте со некој во кој навистина верувате. Дозволете си себе си да почувствувате тоа што го чувствувате.

Чекор 2: Идентификувајте ја причината за вашата непријатност

Кога излегувате надвор од комфорната зона, лесно е да се генерализира и да се зголеми проблемот. Можеби ќе помислите “не требаше да ја напуштам мојата комфорна зона”. Но, можете исто така да кажете: “Кога излегов од комфорната зона почувствував страв дека луѓето ќе ми се смеат”. Кога ќе откриете вистинска грижа која се крие зад чувството на непријатност, можете да почнете да работите за да ја намалите моќта што оваа мисла ја има врз вас.

Чекор 3: Соочете се со својот страв

Често, стравот е причина дека кога ќе излезете надвор од комфорната зона, чувствувате непријатност. Соочувањето со вашиот страв и ставањето на своето место може да помогне да се намали. Сетете се дека е во ред да чувствувате страв, но исто така сетете се дека тоа е страв, не е задолжителен и вистински. Кога навистина се соочувате со вашите стравови можете да разберете дека тие не се вистински и ваша реалност.

Чекор 4: Смири го својот ум

Откако ќе ги процесирате своите чувства, тргнете се малку за да можете да ги погледнете работите од поширока перспектива. Честопати се обидувате да мислите како ќе излезете од ова чувство на непријатност, но ако дадете малку одмор на мозокот и престанете да го присилувате, ќе можете да го добиете одговорот дури и пред да го помислите. Во овој одмор, интуицијата е онаа што може да пробие и да даде одговор во која насока да одите. И таа ви е најважниот помошник.

Чекор 5: Неуспехот нека ви биде опција

Што ако си дозволите, дури и ако “паднете” на тестот, да поминете? Што ако го третирате неуспехот како дел од процесот? Затоа што, понекогаш морате негде да не успеете, за на друго место да би успееле. Тоа навистина е составен дел од развојниот процес. Ако себеси ја отворите оваа опција во голема мера ќе го намалите притисокот. Неуспехот може да биде најдобра едукација за успех.

Чекор 6: Развијте стратегии за самозаштита

Да се ​​биде во непријатно место може да биде исцрпувачки. Вашиот мозок не е автоматски пилот, а вие сте на непознат терен. Пронајдете начини да се грижите за себе додека се наоѓате во таа област на непријатност. Повеќе потпрете се на пријателите. Дајте си простор за регрутирање. Одете напред, барајте од себеси повеќе и знајте дека во таква ситуација ви треба повеќе внимание и поголема грижа за себе. Немојте да се двоумите да побарате внимание и немојте да се стегате за грижата што ви е потребна.

Чекор 7: Сетете се дека сте биле тука порано, “рамо до рамо” со непријатноста

Можете ли да се сетите на периодот на личен напредок во кој сте се чувствувале непријатно, но сте биле во состојба да направите нешто за себе?

Искористете го тоа искуство како начин да се движите напред.

И на крај, не заборавајте дека границите на сите во комфорната зона се различни, и дека она што може да ви изгледа како дел од секојдневниот живот и рутина може да биде предизвик за некого.

Имајте разбирање како за себе така и за другите, подржете ги колегите и пријателите за кои знаете дека се наоѓаат надвор од удобната зона.

Многу е веројатно дека и вам утре ќе ви треба нивната помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП