12 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНезапамтена епидемија - рекорден број на заразени од мали сипаници во Њујорк

Незапамтена епидемија – рекорден број на заразени од мали сипаници во Њујорк

Епидемијата на мали сипаници во американската држава Њујорк достигнало ниво кое не е забележано во САД во текот на последните 25 години, соопшти AP.

Официјалните лица изјавија дека минатата недела биле регистрирани 71 нови случаи на мали сипаници, од кои 68 биле во Њујорк.

Во САД од почетокот на оваа година регистрирани се 626 случаи на мали сипаници, додека неславниот рекорд е забележан во 1994 година со 963 случаи.

Малите сипаници се евидентирани во 22 американски држави, но AP наведува дека повеќето биле пријавени во државата Њујорк, односно во главниот град на Њујорк и во блиската област Рокленд.

Најголем број случаи се забележани кај невакцинираните лица во еврејските заедници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП