23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата ''летнаа'' на највисокото ниво во пет месеци

Цените на нафтата ”летнаа” на највисокото ниво во пет месеци

Цените на нафтата летнаа на највисоко ниво за пет месеци поради американскиот извештајот за санкциите во Иран.

Брент нафтата летнала за 1,7 проценти на 73,24 долари за барел што е највисоко ниво од 7 ноември минатата година. Американската WTI нафта скокнала на 65,12 долари, најмногу од 1 ноември 2018 година.

The Washington Post објави дека американскиот државен секретар Мајк Помпео планира на 2 мај да објави дека САД повеќе нема да даваат олеснувања за санкциите за било која земја што увезува иранска нафта. Потенцијалните прекини во извозот на иранска нафта би донеле до дополнителна нестабилност на нафтениот пазар.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп на 8 април ја прогласи Револуционерната гарда за “терористичка организација”, а Иран ја осуди таа одлука. Вградувањето на Револуционерната гарда меѓу “терористичките организации” стапи на сила на 15 април и предизвика загриженост во врска со можниот одмазднички напад врз американските сили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП